Вечерва на магистралниот пат Куманово - Крива Паланка две лица биле повредени во сообраќајната несреќа во која учествувале патничко возило БМВ и трактор.

Повредените лица се наоѓале во тракторот и со возило на Итната медицинска помош се пренесени во болницата во Крива Паланка.

Сообраќајот на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово кај село Гиновце од 20 часот е нормализиран во двата правци за сите возила, соопшти Авто мото сојузот на Македонија.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/02/2018 00:05