Лозарите денеска традиционално на денот на Свети Трифун, кој се смета за нивни заштитник, ќе ги закројат лозовите насади.

Винарската визба „Тиквеш“ организира закројување на лозјата на локацијата „Лепово“ каде покрај менаџерскиот тим на винаријата се очекува да присуствуваат и владини преставници.

Закројување на лозјата се организира и во месноста Ајватовци во општина Илинден. Закројувањето ќе почне со божествена литургија во црквата „Свети Трифун“, а во рамки на одбележувањето на празникот, ќе биде избрано и најдоброто домашно вино приготвено на традиционален начин.

Свети Трифун се смета за заштитник на лозјата и овошките. На овој ден лозарите ги поткаструваат младите лозови гранчиња верувајќи дека Св. Трифун ќе го заштити родот од разни болести, штетници и невреме.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/02/2018 14:26