Заминала од дома пред четири години а подоцна се јавила дека се придружила на ИД.
Девојка од Куманово, припадничка на Исламската држава, убиена е во Сирија, рекле денеска блиски членови на нејзиното семејство.
Таа заминала од дома пред четири години а подоцна се јавила дека се придружила на Исламската држава во Сирија, пренесува МИА.
Најмалку 15 лица од Македонија се убиени во конфликтот во Сирија и Ирак, наведува македонската агенција.