Издавачката куќа „Шкупи“ бара од Министерството за култура и надлежната комисија да ја коригира одлуката за доделување средства за издавачка дејност и да ја разгледа целокупната документација на сите 535 апликанти што добиле поддршка за да да се провери дали ги исполнуваат условите.
Директорот на „Шкупи“ Азам Даути на прес-конференција денеска рече дека се сомневаат дека 80 проценти од книгите на албански јазик кои добиле поддршка, не ги исполнуваат елементарните критериуми.
– Со жалење констатираме дека ниту оваа распределба на буџетските средства не помина без кршење и нарушување на критериумите кои се поставени од самото Министерство, како од аспект на избор и фаворизација на извесни издавачи, така и од аспект на избор на поддржани автори и од аспект на материјалната поддршка. Сето ова на крај резултираше со една невидена дискриминација на нашата издавачка куќа, рече Даути, кој пратил и отворено писмо до министерот Роберт Алаѓозовски.