Три случаи со напади и каснувања од кучиња скитници што се случиле вчера во општините Центар и Ѓорче Петров во Скопје се пријавени во полиција.
Четирисет и осумгодишна скопјанка (В.Б) била нападната од повеќе кучиња скитници од кои едното ја гризнало за коленото од десната нога, додека се движела по ул. „Орце Николов“ во општина Центар. На В.Б. и е укажана лекарска помош во Градската општа болница „8-ми Септември“.
Во други два одделни случаи на ул. „Лука Геров“ во општина Ѓорче Петров, се нападнати скопјанките Т. Ј (55), која била касната за левата нога и Д.Н.П (34) касната за десната нога, информира Министерството за внатрешни работи.