Доцна попладнево, пожар избувна на Зеленото пазарче во Скопје.

Според неофицијални информации до кои дојде Макпрес, пожарот избувнал од кога експлодирале неколку плински боци, по што пожарот се проширил на тезги со гуми и пластика. Повеќе од три против пожарни возила се бореле со огнената стихија.

Информација за повредени сеуште нема а според она што може да се види од сликите, причинета е значителна материјална штета.

Пожар на Зеленото пазарче, експлодирале плински боци (Фото)


Автор: Администратор
Објавено на: 15/02/2018 16:12