Петре Шилегов денеска одговарајќи на новинарско прашање за смената на директорите во средните училишта во Скопје, рече дека промената на некој од градската адиминистрација не е работа на лична перцепција или по ќеиф на градоначалникот.
- Мора да бидат исполнети законските услови за промена на било кој раководител или директор на институција. Законските услови подразбираат поднесување оставка, истек на мандатот, констатирање неправилности во работењето од страна на Државниот просветен инспекторат и по предлог на училишниот совет, рече Шилегов. Појасни дека кога ќе се исполни еден од овие услови, тогаш градската администрација и тој како градоначалник ќе ги преземат неопходните чекори.
Прашан до каде се инфраструктурните активности на булеварот „Партизански одреди“, Шилегов рече дека треба да се стави завршниот асфалтен слој за кој е потребно исполнување одредени временски услови или над 15 степени.