По тешко боледување синоќа почина Абдилаќим Адеми, кој беше член на ДУИ, а извршуваше и високи државни функции.

Од 2008 година Адеми беше вицепремиер задолжен за спроведување на Рамковниот договор, од 2011 до 2014 година беше министер за животна средина и просторно планирање, а од 2014 до 2016 година ја извршуваше функцијата министер за образование и наука.

Од 2002 до 2006 беше пратеник во Собранието на Република Македонија. Беше член на ДУИ од основањето на Централниот одбор и претседател на огранокот на ДУИ за општина Јегуновце.

Роден е на 20 декември 1969 година во тетовското село Шемшево. Дипломирал на Политехничкиот факултет во Тирана, а во Германија на Техничкиот универзитет стекнал обука во Институтот за градежни и стаклени материјали.

Адеми беше оженет и татко на еден син.

Ќе биде погребан денеска на пладне на гробиштата во неговото родно село Шемшово во Тетово.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/02/2018 14:05