Дваесет и тригодишен гостиварец заработи кривична пријава за вонбрачен живот со малолетничка од Битола.

Како што соопшти МВР надворешната канцеларија Прилеп при СВР Битола поднесе кривична пријава против Ќ.С од село Дебреште-гостиварско и Н.А. (47) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.

Во период од почетокот на септември минатата година до 23 јануари 2018 година, првопријавениот, со согласност на второпријавениот, живеел вонбрачно со тинејџерката, се наведува во соопштението.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/02/2018 16:42