Два одделни случаи на каснување од куче скитник пријавиле вчера двајца скопјани.

Во првиот случај А.Р. (42) од Скопје пријавила дека во 15:30 часот на улица „Лука Геров” нејзината мајка В.Р. (70) била касната од куче во пределот на десната подколеница.

Вториот случај го пријавил Р.В.(58) од Скопје во 20 часот кој ја информирал полицијата дека околу 16 часот додека со моторцикл се движел на булевар “12-та Македонска Бригада” бил нападнат од куче скитник кое го каснало под коленото на десната нога.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/02/2018 22:10