Наставничкиот пленум наместо да пишува писма треба да достави докази до мене како градоначалник или до Секторот за образование на Град Скопје за да може Градот да отвори постапки за промена на директорите во средните училишта доколку има незаконитост во нивното работење, рече градоначалникот Петре Шилегов.

- Наместо да пишуваат писма треба доказите за евентуалната незаконитост во работењето на училиштата да ги достават до мене како градоначалник или до Секторот за образование за да се отвори можноста за промена на директорите во средните училишта доколку има незаконитост во нивното работење, рече Шилегов одговарајќи на новинарско прашање денеска на симболичното пуштање на автобуската постојка во ГТЦ.

Не може, како што посочи, градоначалникот самоволно и со потпис да именува или да разрешува директори во средните училишта и во било која институција.

- Постојат законски можности и доколку бидат исполнети условите и доколу има причина, не гледам зошто да не дојде до промена на некој од директорите, истакна Шилегов.

Наставничкиот пленум неодамна преку о твореното писмо адресирано до градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов побара да се расчисти со партиските кадри и да се направат системски промени во средните скопски училишта.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/02/2018 22:27