Околу 10 часот на скопскиот аеродром, вчера на влез допатувал А.М. (25) од Р. Tурција со турска патна исправа. По извршена пасошка контрола и проверка констатирано било дека горенаведеното лице евидира со мерка одземање патна исправа, по барање на Интерпол, информира МВР.
Откако турската патна исправа и личната карта биле дополнително проверени, констатирано било дека се фалсификувани, а во неговиот багаж била пронајдена друга турска лична карта со податоци на име Т.Т.А. (24). По изготвеното Решение за одбиен влез и при обид да биде качен во авион, лицето побарало политички азил во РМ.