Поранешниот градоначалник на Општина Василево Ванчо Стојанов заработи кривична пријава за вработување на лице без соодветно образование.
Како што соопшти МВР, СВР Струмица поднесе кривична пријава против педесет и едногодишниот жител на село Едрениково поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување”.
На 25 јуни 2010 година, пријавениот, како градоначалник на општина Василево, изготвил решение за вработување на Г.Ц. на работно место референт во администрацијата на општината Василево, без да изврши увид во доставената документација на лицето и покрај тоа што знаел дека истото е без соодветно образование.