На 27, 28 и 29 април во МКЦ ќе се одржи повторно манифестацијата Рок фест, која оваа година е во организација на Баги Комуникации. По неколкугодишна пауза, музичката манифестација „Рок фест“ повторно ќе се одржи во Скопје, овозможувајќи им на младите и неафирмирани бендови од Македонија да ја почувствуваат атмосферата што ја носи овој култен фестивал.

Покрај концертните настани, во рамките на фестивалот ќе има и голем број придружни содржини како што е изложбата на која ќе бидат поставени голем број фотографии, плакати, летоци од изминатите години, со што ќе се збогати целокупната програма.

Конкурсот за пријавување веќе е отворен и ќе трае до 1 април. Сите заинтересирани групи може да се пријават на rockfest.mk@gmail.com.

Пријавата треба да содржи:

– име на бендот

– снимки од најмалку три авторски песни (не е задолжително снимката да биде професионална, таа може да биде и демо-снимка)

– стил на музиката што ја свири

– кратка биографија на групата

– имиња на членовите

– фотографија

– контакт-телефон, e-mail, фејсбук-страница или веб-страница



Автор: Администратор
Објавено на: 24/02/2018 01:08