По Ќосето, следни на листата за дислокација се споменикот „Воин на коњ“ на плоштадот Македонија, порта Македонија, споменикот Мајка Тереза чија градба е веќе стопирана. За нив веќе се готови елаборатите, јваува Телевизија Алфа.

По Ќосето, следни на листата за дислокација се споменикот „Воин на коњ“ на плоштадот Македонија, порта Македонија, споменикот Мајка Тереза чија градба е веќе стопирана. За нив веќе се готови елаборатите. А од вчера е предаден за мислење и елаборатот за споменикот на Филип Втори, потврди за Алфа Мирослав Грчев, кој раководи со ова тело. Според него од Комисијата нема да куртули ниту споменикот на плоштадот ВМРО, а одговорност ќе се барало и за фасадите низ централното градско подрачје.

Ама затоа споменикот на Скендербег, а и тој на УЧК кој никна во скопски Чаир, нема да биде ниту предмет на разработка бидејќи како што вели Грчев тој бил една друга приказна.

Според Грчев на тапет се ставени и една цела група од 30-тина скулптури кои претходеле на проектот, а биле поставени од 2008-2010 година. Вели во најголем дел целиот проект најголемото прекршување го имал со заобиколувањето на Уставот, но и ненаменското трошење на средства.

Според координаторот на работното тело, нивната надлежност била да се испитуваат поставените споменици од Скопје 2014-та, ама ако сме се враќале наназад требало да се разгледува и Крстот на Водно, кој бил поставен непосредно пред Скендербег, ама тоа не било предмет на нивната работа.

Инаку вчера градските власти го симнаа споменикот на Андон Јанев Ќосето од пред комплексот судови и го вратија во Металскиот Завод Тито, од каде донаторите, во случајот Здружението на сетинци, попадинци и крушоради од Лерин треба да си го подигнат. Во спротивно Градот Скопје ќе го продаде, така барем кажа градоначалникот Шилегов. Се обидовме да стапиме во контакт со претседателот на Здружението, Ташко Јованов, но не одговараше на нашите повици.

Историчари за Алфа веќе неколкупати предупредуваат наместо да се прави политизација на споменичните обележја, надлежните институции да го слушнат мислењето на стручната фела околу заложбите на историските личности и оправданоста денеска тие да добијат споменици. Сметаат дека ваквиот чекор испраќа лоша слика за Македонија кон останатите земји дека кај нас се е минливо и може да се менува.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/02/2018 15:29