Министерството за внатрешни работи потврди во неделата вечерта дека шест лица се повредени во сообраќајната несреќа којашто се случи на надвозникот во скопската наслба Ѓорче Петров.
Според информации од полицијата, во 17,30 часот се случила сообраќајна незгода на надвозникот во населбата Ѓорче Петров во Скопје, во која учествувале два автомобила „опел астра“ и „хјундаи“, и двете возила со скопски регистарски таблички.
Возачот на „хјундаи“-то, кого полицијата го индетификува како К.К. е пренесена во Гратската општа болница „8-ми Септември“, каде ѝ е констатирана тешка телесна повреда. Нејзината сопатничка И.К. е пренесена во Ургентен центар.
Во возилото „опел астра“ се превезувале четири патници. Возачот Д.Т. е пренесен, исто така, во „8-ми Септември“ каде му е констатирана тешка телесна повреда. Во истата болница биле однесени и сопатничките Б.Т. и М.Т. и констатирани им се телесни повреди, додека А.Т. е однесен во Ургентен центар.
Увидот на лице место е завршен, а сообраќајот е нормализиран.
Претходно порталот Фокус објави дека во сообраќајната несреќа во која е повредена ќерката на познатата актерка Шенка Колозова.