Возило пикап со скопски таблички попладнево удрил во пешак на булеварот „АСНОМ“ спроти паркот Јане Сандански кај Ново Лисиче.

Засега нема информации со какви повреди се здобил пешакот, кој е префрлен на скопските клиники, информираат од полицијата.

Увидна екипа на полицијата ги утврдува причините за сообраќајната незгода.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/02/2018 23:49