На булеварот „Партизански одреди“ во Скопје во средата од страна на непознат сторител со маска на лицето и огнено оружје од филијала на „Шпаркасе банка“ одзел 10 илјади евра.
Официјални информациите за тоа дали станува збор за еден или повеќе сторители се’ уште нема, но сумата и настанот е потврден од полицијата.
Според порталот МКД ова не е изолиран настан минатата година во ноември во Скопје се случила низа на грабежи на сефови по македонските банки и во период од седум дена од македонските банки се ограбени од 2 до 3 милиони евра.
Бандата која ги извршила грабежите била составена од Руси, Украинци и Молдавци, а ограбиле сефови на познати бизнисмени во скопските банки. Пленот од сефовите бил составен од пари и злато, а македонската полиција упорно одбивала да ги потврди овие настани, истакнувајќи дека истрагата е во тек.