Полициска службеничка била нападната од функционер на ДУИ при рутинска сообрќајна контрола, денеска кај ТЦ „Мавровка, по што завршила во болница. МВР го потврдија инцидентот.
При преземање на служена должност полицискиот службеник бил попречен од лицето Б.А.. Се работи на расветлување на случајот. За подетални информации МВР ќе излезе во текот на денот- изјавија од МВР.
Според неофицијални информации, Б.А. бил сопрен од патрола на сообраќајна полицијаоколу 10.30 часот во близина на трговскиот центар Мавровка, по што настанал инцидентот.