Танчери од познато студио за танци во Скопје, биле вознемирувани од манијак кој тропал по прозорците на објектот, а за да привлече внимание непознатиот почнал да ја соблекува и облеката која ја носел.
Вознемирените танчери случајот го пријавиле во агенцијата која била задолжена за обезбедување на нивниот објект.
Од студиото објасниле дека проблематичното лице кое било во објектот им додевало, тропал на прозорците и дека тој ги соблекувал алиштата. Патрола на агенцијата го затекла проблематичното лице во објектот, по што бил отстранет од студиото.