Вработените во приелпската наменска фабрика „Еурокомпозит“ и денеска излегоа на протест и на блокада на патот Прилеп- Градско на излезот од градот. Очекуваат ефектуирање на денешната владина понуда за исплата на плата, технолошки пакет за 100-тина вработени и решавање на ситуацијата за шест месеци. Синдикалците бараат владини гаранции, зашто велат, со години се манипулира со нив...

Вработените во прилепски „Еурокомпозит“ и денеска протестираат, но и очекуваат ефекти од најновата, денешна владина понуда.

Во разговорот со вицепремиерот Кочо Анѓушев им е понудено- една плата во текот на денот, со Министерството за труд и социјална политика разгледување на пакетот за технолошки вишок за 100-ина вработени за да почнат да работат и во рок од 6 месеци да се најде инвеститор. Синдикалците бараат и владини гаранции.

Во единствениот загубар во земјава „Еурокомпозит“, се околу 260 вработени, а долгот е близу 5 милиони евра, главно од шестгодишните неплатени придонеси и заостанатите плати.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/03/2018 16:52