Здружението „Македониум“ на Македонците од Белград вечерва во Библиотеката на Град Белград со свеченост ги одбележаа двата празника, 11 октомври Денот на востанието на македонскиот народ и 23 октомври Денот на македоснката револуционерна борба, јави дописникот на МИА од Белград.
На свеченоста историчарот проф.д-р.Михајло Марковиќ од Тетотво одржа предавање на тема „11 Октомври-Денот што ја продолжува вековната низа од значајни настани за зачувување на македонскиот културен идентитет“.
-Овие два празника ние како македонска заедница во Белград традиционално ги одбележуваме бидејќи се значјни за македонскиот народ и затоа што сакаме да ја потсетиме македонската заедница на историјата на македонскиот народ, изјави претседателката на Македонскиот национален совет во Србија, Зорица Митровиќ.
На свеченоста беше промовирана книгата „Крвава граница“ на Драгутин Димчевски, а беа изведени и македнски традиционални песни од ансамблот Македониум од Белград.