Калчолигаш соопшти дека капитенот Астори починал во сон, но причината за смртта сè уште не е позната. Одбранбениот фудбалер во јануари наполни 31 година, а за италијанската репрезентација имаше 14 настапи со еден постигнат гол.

Според италијанските медиуми фудбалерот утрово не се разбудил во хотелот каде екипата престојувала пред гостувањето на Удинезе.

„Фиорентина е длабокот потресена и приморана да објави дека капитенот Давиде Астори почина“, стои во соопштението на клубот.

Астори кариерата ја почна во Милан, беше на позајмица во Перголетесе и Кремонезе, шест години играше за Калјари, потоа една сезона во Рома, а од 2015 година е члена на Фиорентина. Одигра 310 натпревари и постигна пет голови. Пред само две недели стана татко.

Сочуство на неговото семејство и на Фиорентина меѓу првите изразија Ернан Креспо, Пауло Дибала, Јувентус, Рома...

Сите натпревари во италијанската Прва и Втора лига кои беа закажани за денес се одложени.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/03/2018 23:15