Починато машко лице, кое било пријавено за исчезнато вчера е пронајдено во водите на Дојранското Езеро.

Како што соопшти МВР, во 11:20 часот во Полициското одделение Нов Дојран, Г.С. (47) пријавил дека во водите на Дојранското Езеро, на место викано „Мрдаја“ пронашол починато машко лице.

– Телото било извадено од езерото, а увид на местото извршила екипа од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гевгелија. М.С. (33) од Гевгелија извршила препознавање и потврдила дека починатото лице е нејзиниот татко Ѓ.А. (63) од Нов Дојран, кој на 15.12.2017 година бил пријавен за исчезнат, наведуваат од МВР.

По наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/03/2018 00:24