МВР ги приведе Р.А. (18) од Скопје и К.Т. (18) од с.Љубин, скопско во врска со нападот врз 17- годишниот З.Т. од Скопје на 01.03.2018 на автобуската постојка “Рекорд“ во центарот на Скопје, во кој на З.Т. му беше нанесена убодна рана со остар предмет во пределот на стомакот.

Овој случај е расчистен, напаѓачите се идентификувани, и против нив по целосно документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, на прес-конференција истакна директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Лазе Велковски.

По низата оперативни мерки и активности, во рамки на кои што беа собрани материјални докази, а беше разговарано со повеќе лица, очевидци на настанот, утрово приведени се две лица – Р.А. (18) од Скопје, К.Т. (18) од с.Љубин, скопско, кои што во целост го признале делото, додека по третото лице Б.Н. (15) од Скопје се трага и по него е распишан централен распис.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/03/2018 00:30