Фудбалерите на Манчестер сити поставија рекорд во Премиер лигата дури со 902 успешни додавања на еден натпревар.

Доминацијата на „граѓаните“ добива поголемо значење со тоа што тој рекорд го поставија во дербито со Челзи, актуелниот шампион на Англија.

Посебно импресивен беше Илкај Гундоган со 174 додавања, а едно од нив го реши натпреварот, откако го проигра Бернардо Силва кај победоносниот гол во 46-тата минута.

Одличен беше и Олександр Зинченко, кој комплетираше 96,7 отсто од 152-та обиди за додавање.

Тимот на Пеп Гвардиола има 18 бода повеќе од второпласираниот, најголемиот ривал Манчестер јунајтед, кој заостанува со еден натпревар.

На Сити му се потребни уште четири победи во последните девет кола за првата шампионска титула од 2014 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/03/2018 21:26