Синдикатот на културата на Република Македонија бара од Министерството за култура итен почеток на процесот на изготвување нов Закон за култура во чие креирање ќе бидат вклучени претставници на синдикатите и носителите на дејностите во културата.
Барањето денеска ќе го соопштат на прес-конференција на која од Министерството за информатичко општество и администрација ќе побараат пролонгирање на рокот за изготвување на систематизации, рокот за доделување решенија за распоредување на вработените и менување на статусот „даватели на јавни услуги“ во Законот за вработените во јавен сектор.
Од Министерството за финансии, пак, Синдикатот на културата бара одобрување средства за унапредување на вработените кои стекнале повисоки стручни и уметнички звања.