Крушевчанец бил уценуван од Белгијка, која барала пари за да не објави фотографии на Фејсбук, со кои би му го нарушила угледот.

Како што информираат од МВР, на 5-ти овој месец во 10:00 часот во Полициската станица Крушево, триесет и четиригодишен жител на Крушево пријавил дека на 3-ти март годинава, од страна на женско лице од Брисел, Белгија, добил неколку пораки со уценувачка содржина, кои му биле испратени од нејзиниот фејсбук профил.

Белгијката го уценила крушевчанецот дека доколку не уплати 200 евра до 10 часот преку Western union, во Брегот на Слоновата коска, на социјалната мрежа фејсбук и Скајп ќе објави слики и видео матријал со кои ќе му наштети на неговата чест и углед.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/03/2018 16:08