Девојка која се сомневала дека момчето ја изневерува, во саботата направила хаос во хотел во Скопје. Таа побарала од вработените на рецепција да ја информираат дали момчето со кого била во врска престојува во една од собите на хотелот, но рецепционерите одбиле да одговорат на нејзините прашања, пренесува Република.

Таа упорно барала да ја види книгата на гости, но откако повторно била одбиена, девојката почнала вербално да се расправа и гласно да вика. Одговорните од хотелот побарале да го напушти објектот, но таа одбила, по што биле приморани да повикаат обезбедување. Кратко потоа проблематичната девојка брзо заминала од објектот.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/03/2018 01:25