Мажот и жената се на возраст од 81 и 76 години. Телата ги забележувал случаен минувач. Во станот бил пронајден пиштол.
Брачна двојка од Прилеп пронајдена мртва. Од Обвинителството велат дека станува збор за убиство и самоубиство. Мажот и жената се на возраст од 81 и 76 години. Телата ги забележувал случаен минувач. Во станот бил пронајден пиштол.
Телото под балконот во атриумот на зградата го пронашол случаен минувач нешто пред 12 часот, денеска напладне. Според првичните сознанија станува збор за убиство и самоубиство, зашто во станот на брачната двојка е пронајдено телото на сопругата Илка со прострелна рана во главата од пиштол, а сопругот под балконот. Истрагата е во тек, изјави јавниот обвинител Маријана Илиеска.
Според станарите брачната двојка имала мирен и добар брак. Се претпоставува дека сопругата во последно време боледувала од склероза.