Возрасен маж пред половина час почина пред железничката станица во Скопје. Минувачи се обиделе да му помогнат и повикале Итна помош. Иако помошта стигнала веднаш, човекот веќе бил починат.

Од Брзата помош за МИА информирале дека најверојатно станува збор за масивен инфаркт. Во моментов полицијата врши увид на местото на настанот.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/03/2018 12:58