Црвениот Крст на Македонија - ОО Кисела Вода ги поканува граѓаните да ја покажат својата хуманост преку гостувањe на овоj хуманитарен концерт организиран од страна на волонтерите во Црвениот Крст со цел да му се помогне на семејството Христови - Самохран татко кој живее со својата 80 - годишна мајка која ја откажала својата операција се со цел да не ги остави своите внуци од 7 и 10 години сами низ животот.
Нивниот татко не прима социјална помош со што неможе да им обезбеди достоинствен живот кој секој го заслужува. Да подадеме рака и донесеме љубов и насмевка во нивниот дом!
Оваа активност се организира од страна на ЦК – ПХВ програмата која им помага на загрозените лица ширум Македонија.
Картите ќе се продаваат по цена од 100 денари почнуваjки од 28.02.2018 (Среда) и истите можат да се резервираат или да се купат пред самиот почеток на концертот.
Повеќе информации во однос на картите можете да видите на следниов линк.
За реализација на хуманитарниот концерт задолжени ќе бидат:
1. Стеффoнатор
2. Денис Димоски
3. Вокално инструментален состав-Аманет
4. Ведран Златановски
5. Симеон Коруноски
6. Група Респекти
7. Благица Ѕунзуровска
8. Live Band
9. Фолклорен ансамбл СЕДЕНКА
10. Марија Спасовска
11.Ристе Ристески
и голем број други бендови и солисти кои со своето учество ќе допринесат за подобро утро на ова семејство.
Сите собрани парични средства ќе бидат наменети за целосно реновирање на домот, тоалетот и мебелот на горенапоменатото семејство Христови односно, самохран татко со две малолетни дечиња и неговата мајка.
Програмата Црвен крст во Акција- Промоција на Хумани Вредности (ЦКА-ПХВ) претставува национална алатка за привлекување и задржување на волонтери во Црвениот крст на Р.Македонија.
Истата се имплементира во сите Општински организации на Црвен крст и на годишно ниво обучува околу 1200 младинци, потенцијални волонтери во организацијата и 45 дисеминатори кои работаат со младинците.
Младите добиваат обука за вредностите на Црвениот крст, учат за културата како систем од вредности, за културата на дијалог како основен предуслов за градење на интеркултурно опшество.
Младите во текот на овие обуки добиваат и практични знаења како да изработуваат мали проекти за добробит на заедницата во којашто живеат, а при тоа се охрабрени да ги користат сопствените капацитети за изработка на проектите преку кои помагаат на ранливото население.
Во текот на циклусот 2017 година обуката ја поминаа 1247 младинци, и беа изработни 192 мали проекти за добробит на заедниците во коишто живеат. Преку овие проекти тие помогнаа и поддржаа 2687 лица од различни ранливи категории, вложувајќи 28 950 волонтерски часови.