Непознат сторител ноќеска 40 минути по полноќ фрлил експлозивна направа во двор од куќа во скопската населба Ѓорче Петров, во сопственост на 43-годишниот Д.С.
МВР соопшти дека нема повредени, но од експлозијата е предизвикано оштетување на куќата и на две патнички возила - „мерцедес“ и „шкода фабија“ кои биле паркирани во дворот.
Според полицијата, најверојатно се работи за кашикара. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и расчистување на случајот.