На 10.03.2018 година во 00.30 часост пред ноќен клуб на улица “Јордан Мијалков” од страна на група непознати сторители бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад над лицето Н.Б.(25) од Скопје.
Од физичкиот напад оштетениот се здобил со видливи повреди скршеница на горната вилица, оток и други повреди на главата.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на случајот.