Секоја година, на 21 март, Денот на поезијата, во стотици локации низ десетици држави во целиот свет виенскиот произведувач на кафе и чај, Јулиус Мајнл, организира настан кој има за цел да ја поттикне поезијата кај секого.

Оваа година за разлика од минатото, презеден е еден чекор повеќе и на меѓународно ниво Мајнл сака да докаже дека поезијата е духот на музиката.

Затоа Јулиус Мајнл заедно со познатиот музичар ЈП Купер ќе создадат песна која ќе ги поттикне поетите од цел свет.

Оваа година “Плати со поезија” се одржува по 4. пат и самиот настан полека се разгранува со тоа што оваа година ќе се одржи во 10 локали во Скопје и Велес, каде секој што сака да ја пронајде содржината на својата креативност може да го плати своето кафе или чај со поезија.

Поезијата е духот на музиката и на 21 март секој ќе може да го искуси изворот на оваа совршена синергија за време на “Плати со поезија”.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/03/2018 14:08