Забраната за движење моторни возила на Водно засега останува во сила. Понатаму ќе соопштиме дали и какви мерки понатаму ќе преземе Град Скопје. Ова денеска го соопшти скопскиот градоначалник и претседател на Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија (ЗЕЛС) Петре Шилегов.
На новинарско прашање дали ќе и го дадат споменикот на Андон Јанев-Ќосето на општина Сопиште, Заев рече дека Ќосето е сопственост на Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин, а за него се води и судска постапка.
Нагласи дека се анализира состојбата со спомениците од проектот „Скопје 2014“ и додаде оти сите споменици не се под Град Скопје.