Струмичката полиција му поднесе нова кривична пријава на поранешниот градоначалник на Василево.

Според портпаролката на СВР Струмица, Хризантема Рендевска, В.С. (51) од село Едрениково се сомничи дека сторил злоупотреба на службената положба и овластување.

Како што рече Рендевска на прес конференцијата, пријавениот ја искористувал својата службена положба и ги пречекорил границите на своето законско овластување.

– Во текот на 2016 и 2017 година за туѓи потреби, односно за потребите на друго правно лице од Василево, како и за приватни патувања и одигрување на фудбалски натпревари надвор од Република Македонија, на лица кои воопшто не биле вработени во Општина Василево им овозможувал да ги користат службените возила на општината, иако тие лица немале право, односно не ги исполувале законските услови за користење на службените возила на Општина Василево, информираше портпаролката на СВР Струмица, Хризантема Рендевска.

По целосно расчистување и документирање на настанот од страна на СВР-Струмица изготвена е кривична пријава и е доставена во ОЈО-Струмица.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/03/2018 15:15