Министерството за внатрешни работи потврди дека вчера бил запален автомобилот на пратеничката Славица Шуманска – Митева од СДСМ. Според полицијата настанот се случил синоќа околу 01.30 часот во Виница на улица „Славчо Стојменски“.

„Непознати сторители, откако претходно го скршиле стаклото на патничко моторно возило „Сеад Леон“ со винички регистарски ознаки, сопственост на С.Ш.М., ја полеале внатрешноста на возилото со запалива течност и ја запалиле. Извршен е увид на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/03/2018 12:32