В.д. директорот на Македонската опера и балет, Казим Асотиќ, ја презентираше годишната програма. Според него, железниот репертоар од класичната уметност е она што би ја доближило младата публика до оваа институција. Во неа гледам потенцијал на наши идни уметници и првенци- вели тој.

Мајски оперски вечери на повисоко ниво, балетски премиери, изведба на традиционална музика од државите кои имаат амбасади во Македонија, в.д. директорот на Македонската опера и балет, Ќазим Асотиќ ја презентираше годишната програма. Најави обнова на национални дела, гостувања, хорски концерти и настапи на балетски уметници низ градовите.

Се концентрираме на Пучини, по повод 160 години од неговото раѓање, посочи Асотиќ. Нагласи дека на 18 април се подготвува балетската премиера на „Либер Танго“, по кореографија на познатата Сабрина Боско од Италија, а на музика од Астор Пјацола.

Во декември во план е премиера на балетската претстава „Ана Каренина“. Македонската опера и балет ќе подготви и „ОФ програми“ и тематски вечери како „Ноќ со“. Планирано е да се направи и обнова на националните дела.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/03/2018 19:49