Претседателот на Унгарија, Јанош Адер, по повод националниот празник на државата, го одликува Раде Силјан со орденот „Златен крст за заслуги“.

Ова високо признание на познатиот македонски писател му се доделува за неговиот повеќедецениски ангажман во афирмацијата на книжевните вредности на унгарската литература на македонски јазик.

Признанието го врачи Амбасадорот на Република Унгарија во Република Македонија Не. Екселенција д-р Ласло Дукс.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/03/2018 00:24