11-годишна ученичка здобила скршеница на коска во левото рамо откако врз неа паднал прозорец од училницата кој учителката се обидела да го отвори, соопшти МВР.
Случајот вчера го пријавил таткото на ученичката, Ф.К.(32), во Полициската станица Карпош.
Кога се вратило дома по завршувањето на часовите, девојчето се пожалило на болки во левото рамо. Прегледот во Градската општа болница „8 Септември“ покажал скршеница на коска.