Шпанскиот фудбалски прволигаш Реал Сосиедад го отпушти досегашниот тренер Еузебио Сакристан поради слаби резултати.

Незадоволство кај раководството на Сосиедад кулминира по саботниот пораз на домашен терен од Хетафе по што следуваше отказ за Еузебио.

Заедно со тренер од клубот си заминуваат негвиот помошник Хуан Карлос, како и спортскиот директор Лорен.

До крајот на шампионатот во Ла Лига тренерската функција ќе ја извршува тренерот на младинскиот тим, Иманол Алгуахил.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/03/2018 15:08