Советот на Град Скопје на денешната осма седница ја усвои одлуката за изменување и дополнување на одлуката за организирање и дефинирање на условите за доставување стока на подрачјето на град Скопје.

Со оваа одлука привремената за забрана за запирање на возилата за доставување стока во централното градско подрачје во периодот од 7.30 до 18 часот станува трајна.

Во декември минатата година Советот на Град Скопје ја донесе привремената одлука за забрана на застанување на возилата при дотур на стока во централното градско подрачје во периодот од 7.30 до 18 часот, која имаше важност до 31 март. Оваа одлука беше донесена како една од мерките со цел намалување на загадувањето на амбиенталниот воздух во Скопје, а беше предвидена и со препораките на интервентната акциска група за итните мерки против загадувањето на воздухот, донесена на 15.12.2017 година од Владата на Република Македонија.

Со оваа одлука се регулира сообраќајот во потесното градско подрачје, кое е опфатено со следните сообраќајници:

– бул. Илинден (од ул. Френклин Рузвелт до бул. Гоце Делчев),

– бул. Гоце Делчев (од бул. Илинден до ул. Лазар Личеновски),

– ул. Лазар Личеновски,

– бул. Никола Карев (од „Лазар Личеновски“ до „Беласица“),

– ул. Беласица,

– ул. Никола Карев (од ул. Беласица до бул. 3. Македонска бригада),

– бул. 3. Македонска бригада (од ул. Никола Карев до ул. Пролет),

– ул. Пролет (од бул. 3. Македонска бригада” до бул. Македонија),

– бул. Македонија (од ул. Пролет до ул. Павел Шатев),

– ул. Павел Шатев (од бул. Македонија до ул. Јордан Мијалков),

– ул. Јордан Мијалков,

– ул. Васил Ѓоргов (од ул. Јордан Мијалков до ул. Френклин Рузвелт) и

– ул. Френклин Рузвелт.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/03/2018 22:58