Советот на град Скопје на денешната осма седница ги усвои годишните сметки за 2017 година за јавните претрпијатија „Водовод и канализација“, „Градски паркинг“, „Паркови и зеленило“, „Улици и патишта“, „Комунална хигиена“ и ЈСП Скопје.

Советникот Михајло Маневски од ВМРО-ДПМНЕ, посочи дека јавните комунални претпријатија со своето работење оствариле приходи и им посака и во иднина да работат така позитивно.

Советникот Садат Рамадани од Беса, реагираше дека ЈП „Водовод и Канализација“ остварената добивка во 2017 година ја потрошила нерационално, па така само за мобилни биле потрошени 11 илјади евра, меѓу кои и набавка на познати марки со цена од 850 евра за еден уред.

Актуелниот директор на ЈП „Водовод и канализација“ Душко Весковски, рече дека нема повеќе да се користат службени телефони во таа цена и нема да се купуваат уметнички слики од 23 илјади евра.

- Околу три и пол милиони евра имаме побарувања од економски субјекти и зграда од 7,8 милиони евра што се уште нема имотен лист. Имаме 1.200 вработени во претпријатие што не е во добра финансиска состојба - рече Велковски.

Советничката Соња Глинчарска од СДСМ, рече дека според извештајот ЈП „Водовод и канализација“ во 2017 година не е чудно што има толку високи побарувања од претпријатието, бидејќи биле потрошени 11 илјади евра за уметнички слики, исплаќала надоместок за одвоен живот и дозволила траен отпис на побарувања, додека на поранешниот директорот за репрезентација му биле достапни месечно 12 илјади евра.

Советникот Рамадани од Беса, исто така, реагираше дека ЈП „Комунална хигиена“ во 2017 година потрошила 45 илјади евра за репрезентација и повеќе од 450 илјади евра за ангажирање на 102 дополнителни сезонски работници.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/03/2018 23:42