Во Скопје денеска ќе почне Првата стратешка меѓународна конференција за Регионалната канцеларија за младинска соработка за Западен Балкан (РИКО) во организација на Агенцијата за млади и спорт.

Конференцијата ќе трае до четврток и на неа се очекува присуство на повеќе од 100 претставници од невладиниот сектор и државните институции од земјите потписнички на Меѓународната спогодба како што се Македонија, Србија, Албанија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

На свеченото отворање најавено е обраќање на директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски и на генералниот секретар на РИКО, Ѓуро Блануша.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/03/2018 14:27