Општина Центар подготвува заедничка акција со Пазарна инспекција, МВР, овластен градежен инспектор и инспектор за животна средина, за ставање ред во поставувањето урбана опрема пред угостителските објекти на својата територија, најавуваат од општината.

Нагласуваат дека ќе бидат санкционирани сите сопственици кои немаат добиено одобрение за урбана опрема за зимската сезона, а Пазарниот инспектор може и да ги затвори.

– Овластениот инспектор на општина Центар ќе санкционира пропусти доколку се работи без одобрение или опремата е поставена на поголема квадратура од дозволеното. Сопствениците на угостителските објекти кои ќе добијат решенија за отстранување на урбаната опрема за зимскиот период нема да добијат, ниту дозвола за поставување на летни тераси, велат од општина Центар.

Минатата недела, додаваат, беа испратени покани за угостителите на улица „Ленинова“( Аминта Трети), а во наредниот период вакви покани ќе добијат и сите сопственици.

– По добиената покана, со одобренија, доколку ги поседуваат треба да дојдат во општина Центар, нагласуваат од општината.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/03/2018 15:27