Скопје на дното на градовите според квалитет на живот, покажуваат истражувањата на американската консултантска фирма Мерсер. Од 231 град кои се наоѓаат на листата, главниот град на државава на фрапантно 161 место, што е пад од две места во однос на 2017 година Дел од граѓаните велат дека лошиот квалитет на живот во Скопје се должи на загаденоста на воздухот, слабата канализација, неасвалтираните улици, проблемите со ѓубрето и нереализираните проекти кои беа ветени, а не исполнети.
Жителите на Скопје се незадоволни од раководењето на градот, велат дека не се почитувале правилата и законите.
Енормниот проблем со загадувањето кој навеќе ги мачи скопјани, се уште не е решен, освен проблемите со пм 10 честичките, не се решени ни проблемите со депониите, дополнителни канализациски одводи, дивоградбите и сл.
Дел од граѓните се прашуваат кога ќе започнат да се решаваат работите кои им го отежнуваат животот, велат гласавме за подобро Скопје, а не само за патувања и уривања на споменици.
Според Мерсер, Виена се наоѓа на врвот на листата за градови со добар животен квалитет,
Веднаш зад Виена се Цирих, Окланд, Минхен и Ванкувер, додека на дното е јеменскиот главен град Сана.
Од градовите од регионот најдобро рангирана е Љубљана (75 место), Атина (86), Загреб (98), Букурешт (107), Софија (116), Истанбул (134), Белград (139), Сараево (159). Зад Скопје е само Тирана која е рангирана на 176 место.
Компанијата Мерсер при класификацијата зема предвид 39 критериуми од криминал до управување со отпади, транспорт, електроснабдување, телекомуникациските услуги и клима.