Тригодишно дете се здобило со тешки повреди откако во него удрил автомобил во скопското село Батинци.

Несреќата се случила вчера околу 16 и 30 часот. Според информациите на МВР, И.А.(20) од Скопје управувајќи патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки удрил во тригодишно девојче. По незгодата, девојчето е пренесено во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ каде што му се констатирани тешки телесни повреди.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/03/2018 16:18