Екипа на градежниот инспекторат на општина Кисела Вода, по извршен увид на локацијата каде се урна дел од потпорен ѕид на улицата „Пандо Кљашев“ во населбата Пржино, денеска издала усна наредба за прекин на работните активности на објектите на изведувачот Хантерс ДООЕЛ Скопје.

Увид на локацијата, како што информираат од општина Кисела Вода направил и градоначалникот на Филип Темелковски, придружуван од општински градежни инспектори.

Фирмата изведувач, Хантерес ДООЕЛ Скопје веќе започнала со активности за санација на настанатата штета, како и изградба на нов потпорен ѕид, информираат од општина Кисела Вода.

На фирмата изведувач, од страна на Општина Кисела Вода и е наложено прво да изврши целосна санација на штетата, па потоа да започне со изведба на градежни работи на објектите. Воедно, изведувачот на објектите за кои поседува дозвола за градба се обврзал по завршувањето на градежните работи да изврши и асфалтирање на горната и долната улица „Пандо Кљашев“.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/03/2018 01:28