Очекуваната вредност на проектот за поврзување на општините Аеродром, Гази Баба и Центар е 16 милиони евра, од кои од 7,5 до 8 милиони евра за градежни активности, а останатите за експропријација.
За 24 месеци ќе има нов мост во должина од 120 метри на булеварот „АСНОМ“, кај хотелот „Русија“. За проектот е предвидено пробивање и продолжување на нов булевар во должина од 2.107 метри, од хотелот „Русија“, преку Вардар и населбата Керамидница до Скопски саем, рече на прес-конференција скопскиот градоначалник Петре Шилегов.
Очекуваната вредност на проектот за поврзување на општините Аеродром, Гази Баба и Центар е 16 милиони евра, од кои од 7,5 до 8 милиони евра за градежни активности, а останатите за експропријација.
На презентација на проектот присуствуваа и градоначалниците на Аеродром и на Гази Баба, Златко Марин и Борис Георгиевски.